Избор на подна облога:

Вовед

Паркет

Плочки

Линолеум

Ламинат

Теписи

PVC подни облоги

Плута



Останати совети:

Полиран бетонски под

Соборени рабови на паркет

Избор на темен под

Предности и недостатоци на пливачки паркет

Замаслени дрвени подови

Обоени дрвени подови

Надворешни дрвени подни облоги

Подови од тиково дрво

Егзотични паркети

Парење на дрвото кај буков паркет

Егзотичен паркет макасарски абонос

Правец на поставување на дрвени подови

Дрвен под во кујната: да или не?

Подови од тиково дрво


Тик (lat. Tectona) е листопадно дрво кое расте на азискиот и афиканскиот континент, а кое често нaраснува и до 40 метри височина. За да ги има најдобрите карактеристики тикот мора да биде стар најмалку 40 години, но со новите технологии може да се добие доволно добар квалитет и ако дрвото е 10 години старо.

Тикот е совршено дрво за сите надворешни влијанија, поради поради природната отпорност на сите временски услови, па како такво е совршено дрво за изработка на подови за тераси, бањи, мебел во градината, како и други дрвени површини во градината. Токму поради овие карактеристики се користи и за изработка на палубите на чамците.

Ова дрво има висока содржина на масло, што го прави отпорно на атмосферски влијанија и што му дава висока еластичност. Маслото го прави и извонредно отпорно на напади од инсекти.

Подот од тик е квалитет и долговечен. Тој е извонредно отпорен на удари на предмети и гребаници, чистењето е лесно, па така се препорачува за семејства со мали деца или куќни миленичиња.




Летви од тиковина фугирани со гума


Тикот е исклучително отпорен на вода, па се користи како под во бањите и сауните. Во случај да се истури вода или друга течност, едноставно треба да се пребрише, без страв дека ќе го оштети подот и ќе предизвика надигнување или изобличување.

Тикот не треба дополнително да се заштитува од инсекти и штеточини поради неговата природна одбојност кон нив.

Квалитетот и издржливоста на тикот со себе носи и повисока цена во однос на повеќето други дрвени подни облоги.