Избор на подна облога:

Вовед

Паркет

Плочки

Линолеум

Ламинат

Теписи

PVC подни облоги

Плута



Останати совети:

Полиран бетонски под

Соборени рабови на паркет

Избор на темен под

Предности и недостатоци на пливачки паркет

Замаслени дрвени подови

Обоени дрвени подови

Надворешни дрвени подни облоги

Подови од тиково дрво

Егзотични паркети

Парење на дрвото кај буков паркет

Егзотичен паркет макасарски абонос

Правец на поставување на дрвени подови

Дрвен под во кујната: да или не?

Полиран бетонски под



Бетонските подови во минатото се користеле исклучиво во индустриски објекти, но денес ги има и во станбените. За бетонот владее мислењето дека е студен материјал како подна облога во домот, но доколку има поставено подно греење, тој е исклучително добар како материјал и овој недостаток се надминува.

Бетонот е материјал кој се добива со мешање на песок (или чакал), цемент и вода. За да се добие фина, глатка површина потребно е со специјални машини (наречени „хелихоптери“) тој да се избруси. Оваа постапка се изведува со помош на дијамантски материјали со различна гранулација, после која грубиот бетон се претвора во декоративен под.








Доколку се поставува нов бетонски под, изборот на бои, текстури и завршни обработки е многу голем. Бојата на бетонскиот под се добива со додавање на пигменти за бетон кои се додаваат кога се меша бетонот, со додавање на агрегати во боја (парчиња стакло, мермер, гранулати од разни материјали), како и со нанeсување на киселини и бази на бетонот со што се добиваат разни мотиви. Доколку бетонската плоча е веќе поставена, ефектите од боењето се лимитирани.

Полираниот бетон се заштитува со специјални средства на неколку години, а неговото одржување е лесно – влажна крпата и правосмукалка ќе бидат потребни.












За крај, може да направиме класификација на главните карактеристики, односно предности и недостатоци на полираните бетонски подови.

ЗА - цврст, траен, релативно евтин, не е комплициран за одржување и добро ја спроведува топлината при подно греење.

ПРОТИВ – неудобен доколку треба подолго време да се стои на него, може да биде студен доколку нема подно греење, со тек на времето може да се појават пукнатини или дамки, како материјал поседува голема тврдост која е неповолна при случаен пад на предмет или човек.