Избор на подна облога:

Вовед

Паркет

Плочки

Линолеум

Ламинат

Теписи

PVC подни облоги

Плута



Останати совети:

Полиран бетонски под

Соборени рабови на паркет

Избор на темен под

Предности и недостатоци на пливачки паркет

Замаслени дрвени подови

Обоени дрвени подови

Надворешни дрвени подни облоги

Подови од тиково дрво

Егзотични паркети

Парење на дрвото кај буков паркет

Егзотичен паркет макасарски абонос

Правец на поставување на дрвени подови

Дрвен под во кујната: да или не?

Замаслени дрвени подови


Лакирањето на дрвените подови, како што е паркетот, е најчест начин на заштита на површината од надворешни влијанија.

Сепак, покрај овој начин, се користи и постапката на нанесувањето на специјални масла на дрвените подови, која исто така е популарен начин за завршна обработка, особено кај готовиот, фабрички паркет.

За замастување на дрвените подови се користат специјални масла за оваа намена. Ова масло претставува одлична заштита бидејќи ги затвора порите и оневозможува впивање на влагата од воздухот. Подот третиран со масло создава топла атмосфера и е пријатен на допир.

Во споредба со лакираните подови, маслените подови бараат малку повеќе внимание, во однос на периодичното одржување. Имено, тој е поподложен на абење, па затоа маслениот под треба да се премачка на секои 2-4 години, во зависност од степенот на абење.

Од друга страна даваат можност за т.н. парцијална репарација, а притоа не е потребно да се бруси, освен во случај на големи оштетувања. Исто така, после секое ново замаслување дрвото е сè поотпорно на абење.

Маслените подови се чистат со правосмукање или со влажна крпа, но истата да е добро исцедена.

Во зависност од тоа дали се работи за бели или натур маслени површини, при одржувањето треба да се употребува бело или натур масло.

Денес маслата се прават во сè поголем број на пигменти, со што се создава можност за широк спектар на колоритни ефекти.