Некои многу опасни мувли може да се најдат во кујната, но добро е што нивната појава може многу ефикасно да се спречи. Дознајте кои места се извори на мувла во кујната и што да направите да ја спречите нејзината појава.
Под фрижидерот може да се создадат разни видови на мувла. Поместувајте го фрижидерот 2-3 пати во годината и детално исчистете ги ѕидовите и подот под фрижидерот.
И внатрешноста на фрижидерот треба редовно да се одржува. Не дозволувајте храната предолго да стои во него и проверувајте дали има нешто расипано. Расипаните производи влијаат на појавата на мувла, па веднаш отстранувајте ги. Проверувајте ги и овошјето и зеленчукот кои не се фрижидер.
Даските за сечкање треба да се чистат после секоја употреба и тоа најдобро со алкохолен оцет наместо детергент. Оцетната киселина е моќно средство за дезинфекција и ги отстранува бактериите на ешерихиа коли, салмонела и стафилокока. Ако даската за сечкање има непријатен мирис тогаш истријте ја со половина исечен лимон.
Чешмите, особено оние кои не се исправни, се местото каде најчесто се создава мувла, а исто и одводите ако не се одржуваат редовно. Сипувајте по една шолјичка за кафе полна со оцет еднаш неделно во одводот и така ќе ја отстраните мувлата која веќе се создала и ќе спречите појава на нова.
Кантата на отпадоци идеално е да не преголема, туку да го собира ѓубрето само од еден ден. Така ќе ја празните секојдневно и ќе одбегнете создавање на мувла на ова место.