Оваа убава миризлива цветница која потекнува од Јужна Африка името го добила по германскиот ботаничар и доктор, Friedrich Heinrich Theodor Freese. Со вкрстување се добиени многу нови вариетети, така да постојат видови со едноставни, дупли, еднобојни или шарени цветови. Исто така постојат осетливи видови кои се одгледуваат во пластеници и се користат како режано цвеќе и отпорни видови кои може да растат надвор, на отворено.
Карактеристично е стебленцето кое на крајот е малку закривено и на кое растат десетина цветови наредени во низа. Ако стеблото порасне повеќе од 30 cm потпрете го за да не се искрши.
Треба да се посади на сончево и заштитено од ветер место, на длабочина од околу 5 cm. Во краевите каде зимите се јаки се препорачува да се посадат во март, а таму каде зимите се благи може да се посадат во средина на есента, па ќе цветаат веќе на почетокот на пролетта. Во студените краеви во зима треба са откопаат од земја бидејќи веројатно ќе замрзнат.
Земјата треба да биде лесна и добро дренирана (додадете песок) и треба постојано да се одржува влажна, но да не се претера бидејќи фрезијата ќе иструли.
Ако купувате фрезија за во вазна, одберете ги оние стебленца кои имаат отворено само неколку цветови, повеќето нека бидат пупки, за да ви трае што подолго. Пред да ги ставите во вазна задолжително отсечете го крајот за да можат да „пијат“ вода.