Сам свој мајстор:

Поправка на вдлабнувања кај дрво

Боење на метални површини

Граничник за бургија

Како безбедно да заковате клинец

Бојадисување на дрвени површини

Подготовка за бојадисување

Нитро или маслени бои?

Вадење на скршен клуч од брава

Поставување на типла во ѕид

Отстранување на боја од дрвенарија

Кога шарките веќе не држат

Одвртување на пукната сијалица

Поправка на дупки и пукнатини на ѕидот

Кога запнува фиоката

Поправање на гребнатини на мебел

Поставување на ламинатни подови

Лепење на керамички плочки

Дефекти на фрижидерот и нивно отстранување

Дефекти на машината за перење алишта и нивно отстранување

Спојување на гипс плочи

Одзатнување на одводот кај мијалникот

Совети за лепење тапети

Поправка на казанче кај WC шоља

Одледување на замрзнувачот

Отстранување на наслагите од каменец



Поправка на вдлабнувања кај дрво



Техниката со пареа за поправка на вдлабнувања е предвидена за дрво кое не е лакирано, но сепак денес повеќето дрвени површини имаат заштита. И кај лакираното дрво може да биде применета, но сепак зависи од видот на лак.

Затоа, бидете внимателни бидејќи некои видови лак може да побелат кога ќе бидат изложени на пареа. Затоа, прво пробајте на некој дел од дрвото кој е скриен, а потоа направете ја постапката на длабнатината.

Постапката е следната:

• Навлажнете ја длабнатината;
• Ставете влажна ткаенина или неколку слоја тоалетна хартија врз неа;
• Со топла пегла пеглајте врз влажната ткаенина со кружни движења. Во спротивно, доколку ја држите пеглата во една точка, може да изгори ткаенината. Со оваа постапка ќе се создаде пареа. Правете го ова неколку минути и проверете го резултатот.
• На сликата се гледа дека длабнатината е корегирана, но покрај вдлабнатината бил оштетен и лакот и во неговите пукнатини се собрала нечистотија. Нечистотијата може да се исшмиргла, а потоа дрвото да се излакира со заштитен лак.