Ова растение има срцелики зелени листови кои се прошарани со жолто.
Може да расте во висечки сад, или пак може да ставите стап обложен
со мов, околу кој ќе расте. Расте многу брзо, и за една година може да
порасне до половина метар.
Може да го чувајте и на не многу светло место, сепак ќе ги задржи
шарите на листовите.
Не му треба многу влага, па пожелно е земјата да се засуши пред
следното залевање. Во лето залевајте го на секој 4-5 дена, а во зима на
8-10 дена. Најдобро е да ја пипнете земјата и ако е растресита, залејте
го. Во лето ќе му годи и ако повремено му ги оросувате листовите.
Нема период на мирување, затоа прихранувајте го еднаш месечно со
вода во која сте додале ѓубриво за собни лисести растенија.
Ако е многу пораснато, подрежувајте го во пролет. Резниците може да ги
користите за размножување. Многу лесно ќе се закоренат, бидејќи имаат
мали воздушни корени. Може да ги насадите директно во земја, или пак
ставете ги прво во вода, па кога ќе пуштат коренчиња, насадете ги.
Ако листовите ги губат жолтите шари, потребно е повеќе светло. Ако
рабовите на листовите имаат кафени флеки, премногу го полевате или
пак е му престудено.
Не морате многу често да го пресадувате. Доволно е секоја втора
година.
Скиндапсусот живее многу долго, само не претерувајте со залевањето.