Во овој род на сукуленти кои потекнуваат од Јужна Африка, припаѓаат неколку различни билки. Сите имаат дебели меснати листови, но некои имаат стебла, а некои се ползавци. Заедничко за сите е што се отпорни и долготрајни ако не се полеваат претерано.
Повеќе им одговара светло место, бидејќи ако нема доволно светлина листовите ќе бидат бледи, а растението ќе се издолжи. Но немојте да дозволите да ја гори сонце преку стаклото од прозорецот. Од пролет до доцна есен може да ја изнесете надвор, дури и да ја закопате во градината заедно со саксијата. Во есен, кога ќе почнат ладните ноќи со температура под 10°С, потребно е да ја внесете внатре. Но не и одговараат премногу загреани простори бидејќи тогаш не може да го постигне периодот на мирување, а често доаѓа и до зашилување и опаѓање на листовите.
Лесно се закоренува со резници во пролет. Препорачливо е да ја оставите резницата неколку часа да се засуши местото каде е пресечена, па потоа да ја насадите директно во земја.
Пресадувајте ја секоја втора година. Саксиите не мора да бидат длабоки. Битно е само да има добра дренажа, за да не се задржува вишокот на вода.