Базени:

Вовед

Инвестиција, димензии и форма на семеен базен

Позиционирање на базенот

Армирано-бетонски базени

Готови базени од пластични маси

Монтажни базени

Одржување на базени

Опрема за базени



Одржување на базени



Упатство за одржување на водата во базенот

За да се постигне и да се одржува кристално чиста вода во базенот непходно е водата постојано механички да се филтрира и хемиски да се кондиционира.

При првото полнење на базенот со вода од бунар неопходно е да се направи шок хлор третман со цел за филтрирање на железото и останатите нечистотии. Во зависност од степенот на нечистотии во водата и капацитетот на песочниот уред за филтрација потребно е да се испира филтерот. Кај оние базени кои имаат хартиена влошка во филтерот, истата потребна е повеќе пати да се исчисти и да се остави на сонце за да се исуши. Само со зедничка употреба на уредот за филтрирање и средствата за кондиционирање водата во базенот може да биде секогаш кристално чиста и хигиенски исправна.

Квалитетот на водата може да се контролира преку едноставниот DpD тестер или со ортолидински тестер. Од резултатите од тестерот ќе зависи со кои средства треба да се третира водата. Треба да се знае дека во случај базенот интензивно да се користи или во врелите летни денови потребата за третирање со хемикалии е поголема, за да водата биде чиста и хигиенски исправна. Температурата на водата во базените за пливање се смета дека е 25оC. При големи горештини, кога температурата на водата може да достигне и до 30оC, па и повеќе, хлорот многу брзо испарува и е потребно зголемено дозирање, со постојана контрола на неговото ниво. Поради ова се препорачува поголемо дозирање со цел испарувањето да биде многу помало.

Во текот на ноќта сите суспендирани честички ќе се наталожат на дното на ПВЦ лајнерот, па така за нивно вшмукување најпогодни се утринските часови. Доколку циркулацијата на водата преку уредот за филтрација е добро подесена, најголемиот дел од наталожените материи ќе бидат сконцентрирани во средината на базенот, што ќе го олесни нивното вшмукување.


Хемиско кондиционирање на водата во базенот

Добро е да се знаат неколку основни поими поврзани со водата во базенот и нејзиното кондиционирање:

• Шок хлор третман е повеќекратно додавање на количество на хлор. Се применува при првото третирање на водата со цел да се наталожат нечистотиите од водата или кога има случај кондиционирањето да е запуштено, па водата почнала да се расипува.

• Активен резидуален хлор е слободна содржина на хлорот кој преостанал во водата после врзувањето на хлорот со органските материи во водата. Тој има исклучително дефинфекционо дејство, а неговите вредности се изразуваат во mg/l или во ppm (милионити делови). Во базените за пливање треба да се употребуваат исклучиво органски препарати на хлор бидејќи немаат надразнувачко дејство на кожата и слузокожата, а од друга страна пак се и најекономични.

• Алгите се растителни водени организми. Доколку им се допушти непречено размножување, водата добива зелена или смеѓа обоеност, а површините во допир со водата стануваат лизгави и слузави.

• Алгацид е средство кое е наменето за спречување на размножувањето на алгите.


Средства кои најчесто се употребуваат за кондиционирање на водата

• Хлорен гранулат кој е брзотопечко средство со бактерицидно и бактеростатско дејство, кое го успорува растењето и размножувањето на алгите. Се употребува за шок третман при првото полнење на базенот или кога водата во базенот почнува да се расипува. Се дозира растопен, директно во водата.

• Бактерицидни и алгацидни таблети кои покрај хлорот и алгацидите содржат и флокулант (средство против млечно заматување), а се дозираат преку пловен дозатор или преку полуавтоматски дозатор.

• Средство за спречување на растење и развој на алги кое се дозира директно во вода. Средството е во течна агрегатна состојба, а се дозира директно во водата.

• Течност за презимување која се става во водата во базенот преку зима, а го спречува размножувањето на алгите во текот на зимата и таложење на водениот каменец со што значително ќе биде олеснето чистењето на базенот на пролет.

• Средство за контрола и намалување на pH вредноста на водата, кое се употребува задолжително после обилни дождови за контрола и намалување на pH вредноста на водата, а се дозира директно во водата. pH вредноста на водата треба да биде во пропишаните границите, особено во затворени базени каде се вградени дехумидатори (кои ја одземаат влагата во воздухот) и каде кондиционирањето на водата се врши со уред кој работи на принцип на ослободување на јони на сребро и бакар.


Опрема за кондиционирање на водата во базените

Пловен дозатор, наменет за бактерицидни и алгацидни таблети, кој плови по површината на водата.

Полуавтоматски и автоматски дозатор за хемикалии, служи за дозирање на сите потребни средства за кондиционирање на водата и обезбедува изедначено ниво на хемикалиите во базенот.

Nature2, уред кој работи на принцип на саморегулирачко ослободување на слободни јони на сребро и бакар од керамичка влошка. Една влошка е доволна за една сезона, а потребата за примена на хлорот се намалува за 90%.

УВ-опрема за одржување на водата во базените – како што е познато, УВ-зраците со определена бранова должина имаат бактерицидно, алгицидно, вирулицидно и фунгицидно дејство. Токму тој ефект е употребен кај оваа опрема. Потребата за хлор се намалува за 90%. Животниот век на цевката е 7000 – 8000 часа.

Опрема за одржување на квалитетот на солената вода, каде што уредот од растворот на NaCl постојано ослободува активен хлор. Алгициди не треба да се додаваат, но треба да се контролира саканата неутрална pH вредност. Опремата за базен кој се полни со солена вода во просек е за 30% поскапа поради фактот дека солената вода е многу поагресивна и со тек на време ги нагризува инсталациите.


Средства за чистење на базенот

• Средство против каменец и ‘рѓа

• Средство за одмастување

• Средство за отстранување на линии од водата

• Средство за чистење на ПВЦ лајнерот


Мрежички за базен

• Површинска мрежичка (алуминиумска или пластична)

• Длабинска мрежичка (алуминиумска или пластична)