Базени:

Вовед

Инвестиција, димензии и форма на семеен базен

Позиционирање на базенот

Армирано-бетонски базени

Готови базени од пластични маси

Монтажни базени

Одржување на базени

Опрема за базени



Монтажни базени



Еден од популарните конструктивни типови на базени се монтажните базени. Основна карактеристика на овој тип на базени е нивниот специјален, однапред конфекциониран ПВЦ лајнер (облога на базенот).

Според типот на оплатата монтажните базени може да бидат со челична оплата и со оплата од пластични елементи.


Монтажни базени со челична оплата

Овој тип на базени се состои од челична оплата изработена од галванизиран лим, кој исто така е премачкан со специјални епоксидни смоли што му овозможува исклучително долг век на трање. Дебелината на лимот е 0,6 или 0,8 mm во зависност од дебелината на базенот. Ова овозможува релативно едноставен транспорт. Челичната оплата се поставува во специјално обликувани изжлебени пластични елементи.

Внатрешноста на базенот е од ПВЦ фолија, претходно конфекционирана според формата и големината на базенот. Важно е да се знае дека стандардни дебелини на фолиите се 0,6-0,8 mm што овозможува голема механичка отпорност на оштетувања. Сепак, доколку се оштети фолијата, таа може едноставно да се поправи. Во ПВЦ фолијата за базени се додадени УВ-стабилизатори кои овозможуваат заштита од штетното дејство на УВ-зрачењето и обезбедуваат просечен век на траење од 10-15 години. Конечно, многу важно е ПВЦ фолијата за базени да е изработена без кадмиум кој инаку го има во обичните ПВЦ фолии во значителна мера, бидејќи кадмиумот кој е тежок метал, со тек на време може да доведе до нарушување на здравјето. ПВЦ лајнерот откога базенот ќе биде поставен, се закачува на горната ивица на оплатата, а преку него се поставува специјано обликувани пластични елементи кои го фиксираат.

Во новите технички подобрувања на горните пластични елементи, во нив е вграден страничен тунел во кој се вградува специјално обликуван завршеток на фолија. Ова е битен момент поради фактот дека ПВЦ лајнерот може лесно да се замени без да се поместува рабниот камен.

Инаку монтажните базени со челична оплата најмногу допринесуваат за популаризација на базените, а за ова зборува фактот дека во земјите на Западна Европа најголем број на дворни базени се токму од овој тип. Со својата прифатлива цена, економичното и брзо вградување, овие базени станаа многу подостапни од дотогаш постоечките верзии, а можноста за вградување на широк спектар на дополнителна опрема во етапи во текот на неколку години во голема мера ги компензира евентуалните недостатоци на овој тип на базен. Покрај сите поволни карактеристики, најголем недостаток на овој тип на базени е стандардната форма и големина, односно невозможноста да се изработат базени со неправилна форма и со варијација за длабочина. Во некоја мерка овој недостаток може да се компензира со широката палета на димензии кои се нудат на пазарот.




Длабочината на овој базен е стандардна и изнесува 1,20 m или 1,50 m. Што се однесува до формата тие се кружни, овални или во форма на осумка.


Кружни базени

Основна карактеристика на овој тип на базени е нивната самоносивост, што значи дека можат да бидат монтирани и надземно. Дејството на тежината на водата со која се наполнети им ја дава потребната стабилност.




Доколку сепак инвеститорот се одлучи за поелегантната, вградена верзија, ќе треба да се изведат и едноставни и не многу скапи градежни активности. Имено, после ископувањето на јамата, која треба да е 20cm поширока од обемот на базенот, и бетонирањето на армирано-бетонската подлога се поставува конструкцијата на базенот и се полни со вода. Потоа просторот помеѓу откопот и челичната оплата се пополнува со сув посен бетон за да во горната зона со висина 10 cm биде избетониран армирано-бетонски серклаж. Големината на кружните базени се движи помеѓу 4 и 10 m во пречник.


Овални базени

Најбараната варијанта на базен со челична оплата е токму базенот со овална форма. Освен тоа што со својата форма нуди одредена елеганција, исто така обезбедуваат и најекономично искористување на просторот. Поради својата форма не поседуваат самоносивост, па затоа треба задолжително да се вкопаат. Кај базен со длабочина 1,20 m задолжително мора да се вкопа барем 50% од неговата длабочина, додека кај базените со длабочина од 1,50 m треба да се вкопа 75% од неговата длабочина.




Сепак, најелегантни се целосно вкопаните базени. Специфичноста на вградувањето на овие базени се состои во подготвителните градежни работи со кои се добиваат армирани потпорни ѕидови долж рамните делови на базенот. Впрочем постапката е слична како и при вградување на кружните базнени бидејќи на овалните делови и овие базени имаат самоносивост па така доволно е да се засипа просторот помеѓу работната јама и челичната оплата со сув посен бетон. Димензиите на овланите базени се движат од 4,90 x 3,00 m, па се до 11,00 x 5,50 m. Малку веројатно е дека во овој опсег нема да се пронајде соодветна големина за секој вкус.


Базенот во форма на осумка


Го карактеризира средниот потпорен елемент кој обезбедува стабилност на конструкцијата. Ваквите базени со длабочина 1,20 m можат да се постават надземно, но потпорниот елемент мора да биде забетониран, а базените со длабочина 1,50 m мора да се вкопаат барем 50% од сопствената длабочина.

При вградување на овие базени не е потребно да се прават армирани потпорни ѕидови, туку по целиот обем базените се засипуваат со сув посен бетон, додека стабилноста ја обезбедува средниот потпорен елемент. Димензиите на базенот во облик на осумка се движат од 4,70 x 3,00 m до 9,20 x 6,00 m.


Заклучок

Базените со челична оплата најчесто се вградуваат и претставуваат базени со лесна бетонска конструкција. Притоа квалитетот на бетонот не е важен за водонепропусност, која е обезбедена со ПВЦ лајнерот.

Од друга страна, ПВЦ лајнерот со тек на време ја губи бојата поради влијанието на водата која е хемиски кондиционирана. Без разлика со кој материјал е обложен, кај базенот по период од околу 15 години екслоатација потребни се помали или поголеми интервенции. Од тој аспект, овој тип на базен со релативната лесна и економична замена на лајнерот пружа економично решение и потполно обновен базен за следниот период од 15 години.


Монтажни базени со оплата од пластични елементи



Кај овој тип на базнени карактеристична е оплатата изработена од пластични елементи. Елементите се спојуваат на самото место, а овозможуваат креирање на неправилмни форми на базенот, па дури и варијабилни длабочини. И кај овие базени ПВЦ лајнерот е однапред конфекциониран, па неправилните облици и различните длабочини бараат градежните работи да бидат изведени многу прецизно. Овој тип на базени нема самоносива конструкција, па затоа е неопходна изработка на армиран бетон по целиот обем на базенот. Арматурата се поставува во места кои се претходно подготвени за тоа, долж надворешната страна на оплатата.




Иако со своите форми даваат извонредни естетски ефекти, главен недостаток им е што по инвестицијата често ги достигнуваат армирано-бетонските базени обложени со керамика или стаклен мозаик.