Базени:

Вовед

Инвестиција, димензии и форма на семеен базен

Позиционирање на базенот

Армирано-бетонски базени

Готови базени од пластични маси

Монтажни базени

Одржување на базени

Опрема за базени



Готови базени од пластични маси



Овој тип на базени најчесто се излиени во еден дел и немаат самоносивост, па затоа се вградуваат.




Процесот на вградување започнува со ископување на работна јама чија големина зависи од големината на базенот, пo што се излива долната плоча која е од армиран бетон, за да во неа понатаму се вгради сливник. На плочата задолжително се нанесува слој на цементен малтер без камчиња, бидејќи оптоварувањето во една точка може да ја оштети базенската конструкција. Налегнувањето на базенот на основната плоча треба да се изведе прецизно (рачно или машински) и внимателно за да не се предизвикаат оштетувања на базенот.

После приклучувањето на сливникот и останатите елементи за циркулација, базенот полека се полни со вода со истовремено бетонирање помеѓу базенот и откопот. Нивото на вода треба да биде 15-30 cm над нивото на бетонот, а дебелината на бетонот во зависност од конструктивниот тип изнесува од 15-30 cm, со или без арматура. Бетонирањето не смее да се изведува со миксер бетон и со пумпа, туку треба да се изведува полека и тоа со посув бетон.

Основни предности на овој конструктивен тип на базен се :

• брза градба,

• оплатата не е потребна,

• самата базенска конструкција обезбедува водонепропусност.


Како и сите конструктивни типови, така и овој има свои недостатоци:

• Поради тоа што базените се излиени во еден дел, потребно е обезбедување на специјални транспортни услови и дозволи;

• Иако вградувањето е релативно едноставно, сепак бара стручна работа бидејќи во спротивно може да дојде до трајни оштетувања;

• Векот на траење на пластичните маси изнесува од 10-15 години после што треба да се иврши обновување.