Базени:

Вовед

Инвестиција, димензии и форма на семеен базен

Позиционирање на базенот

Армирано-бетонски базени

Готови базени од пластични маси

Монтажни базени

Одржување на базени

Опрема за базени



Базени: вовед



Базен во сопствениот двор претставува вистинско освежување во врелите летни денови. Неговата изведба најчесто побарува значителни финансиски средства, но со негово вградување истотака значително се подига вредноста на недвижноста, а куќата и нејзиното опкружување добиваат полуксузен и поатрактивен изглед.








Изборот на базен пред сè треба да зависи од просторот кој стои на располагање во дворот, како и од саканиот дизајн и облик, а секако и од финансиските средства кои стојат на располагање. Треба да се обрне внимание на постоечкиот стил на уредување на куќата и околината, без разлика дали станува збор за модерен, рустикален или некој друг стил. Квалитетната изведба и дополнителни содржини, како на пр. хидромасажни млазници уште повеќе го надополнуваат чувството при престојот во базенот.






Изведбата на базенот најдобро е да се довери на фирма која е специјализирана за оваа намена. Проектот на базенот, вклучувајќи ги и сите потребни инсталации, треба да биде направен стручно за да се овозможи негово правилно функционирање.






Обликот на базенот, големината и длабочината го дефинираат и начинот и можностите за негова употреба. Базенот може да биде рекреациски, детски, а може да биде и наменет за пливање. Заоблените базени, како што се кружните, елипсовидните или со облик на бубрег најсоодветни се доколку станува збор за рекреативни или детски базени, додека оние со правоаголни облици и со поголеми длабочини препорачливи се за базените за пливање.






Освен самото вградување на базенот, потребно е создавање атрактивен амбиент во околината, кој може да се постигне со засадување дрва, различни растенија, како и поставување лежалки и чадори за сонце. При изборот на материјал за поплочување секако определете се материјал на кој не се лизга за да ја спречите можноста за повреда на влажна подлога. Осветлувањето на базенот и на просторот наоколу истотака е важно за создавање на атрактивен амбиент. Играта на светлината, водата и одблесокот на обложената керамика сугурно ќе допринесе во ова. Капењето, одморањето во лежалка, дружењето со партнерот или со пријателите ќе биде поквалитетно со соодветни светлосни ефекти, па затоа посебно внимание треба да се обрне токму на осветлувањето на базенот.






Без оглед на големината и обликот на избраниот базен, уживањето во неговите благодети е загарантирано. Со придржување кон упатствата за употреба на базенот кои се добиваат при вградувањето на базенот, сите активности кои се наметнуваат при одржувањето на базенот и неговата околина ќе бидат едноставни и занемарливи во споредба со уживањето во аква-катчето во дворот.